Членовите на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, уште еднаш покажаа хумнаост и чувство за општествена одговорност.
Деновиве тие даруваа крв во Одделението за трансфузиологија при општата болница во Охрид и го чистеа дното од каналот Студенчишта, од каде извадија поголема количина цврст отпад.
Охридските нуркачи, се приклучија и на акцијата за чистење на Преспанското Езеро, што се одржа вчера.
Клубот за подводни дејности „Охрид“ кој слави 36 години од своето основање, ги чистеше водите покрај брегот на Преспанското Езеро во Претор, како дел од иницијативата „Чиста Преспа“.
OhridNews