Елката во недела ќе биде поставена на длабочина од неколку метри кај археолошкиот локалитетот Плоча Миќов Град во Градиште. Ќе биде декорирана со специјални лампиони и други новогодишни украси.
Ова е шеста година по ред како охридските нуркачи ќе украсуваат подводна елка, а целта е како што велат, традицијата во иднина да прерасне во поголема туристичка атракција со прослава на Новата година под вода.