Охридската медиумска заедница вчера организираше пикник во познатото излетничко место Скребатно на кој присуствуваше и амбасадорот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере.


Во знак на почит и сеќавање претставниците на седмата сила на амбасадорот  Фуере, кому идната пролет му истекува мандатот во Македонија,  му подарија уметничка слика, дело на пензионираниот охридски новинар Борис Ѓорѓиоски.


Заблагодарувајќи се на вниманието, амбасадорот Фуере ја истакна коректната соработка со охридската медиумска заедница, додавајќи дека подарената слика го поттикнува да му се посвети на сликањето, кон кое негува посебна љубов, за што повеќе време ќе има во пензионерските денови.


Претставниците на црковниот одбор од црквата Св. Богородица, кои грижливо го чуваат и уредуват познатото излетничко место во Скребатно на евроамбасадорот му подарија икона со ликот на заштитничката. Дружењето заврши со песна, оро и заедничко фотографирање.


Скарата се подготвуваше со заеднички сили


Дружба без песна не бидува


Во чест на Фуере домаќините „рекоа“ и една ирска песна


Фуере возврати со оро


Заедничка фотографија за спомен и сеќавање

OhridNews