Дваесетина членови на мото клубот „МОТО-Охрид“ од Охрид и двајца стружани ќе земат учество на 64-то ФИМ рели кое годинава ќе се одржи во Задар, Република Хрватска. Релито ќе биде отворено на 25.мај а ќе трае пет дена.

Со оглед на близината на Задар, се очекува најголем број на македонски мотоциклисти до сега да земат учество на релито на кое е предвидена богата програма. Рели тимот од Охрид за Задар ќе трегне во понеделник, а попатно ќе мине  низ  Албанија и  ЦрнаГора.


Домаќин на вакво ФИМ РЕЛИ во далечната 1972 година бил и нашиот Охрид, кој во таа година успеал да ги обедини поголемиот број мотоциклисти од Европа.


Детали од ФИМ релито што во 70-те години се одржа во Охрид

Мото клубот  “МОТО ОХРИД“   има учествувано на повеќе ФИМ релија во Швајцарија, Шпанија, Холандија, Италија….

Ohridnews