Мото клубот “Мото Охрид“ втора година по ред организираа „мото круг“ низ Македонија во чест на трагично загинатиот член на клубот Илче Ристески – Бимбо. По тој повод триесетина моторџии од Охрид и нивни колеги од Скопје, Дебар и Струга денеска од Охрид тргнаа во обиколка на Македонија. Вечерва тие ќе преспијат во Струмица, а утре се враќаат во Охрид. „На овој начин му оддаваме почит на нашиот прерано починат колега“, ни изјави Павле Вуќетиќ – технички секретар на МК „Мото Охрид“. Мото кругот охридските морџии го организираат заедно со семејството на Илче Бимбо кој трагично го загуби животот на денешен ден пред две години.
Охридските моторџии му оддаваат почит на трагично загинатиот другар
ohridnews
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ