Во новата сезона младите категории ќе бидат поделени во три младинско – кадетски лиги.

Покрај стандардната прволигашка А – лига ќе бидат формирани уште две Б лиги кои ќе ги сочинуваат екипи од второ и третолигашката конкуренција.

Охридските младинци и кадети оваа сезона ќе се натпреваруваат во Б-2 лигата.

Покрај Охрид во лигата уште ќе играат: Влазними (Струга), Гостивар, Дрита, Искра (Мороишта), Караорман, Маџари, Скопје, Слога, Тетекс, Цементарница И Шкендија.

Стартот на натпреварите е на 23 и 24 Август.

М.П.