Европската кампања за различност, човекови права и партиципација, со хепенинг под мотото „Црно и бело“, вчера се одржа во Охрид. Целта на манифестацијата е зголемување на толеранцијата и заштита на човековите права, во што свој придонес дадоа и младите од Охрид.


Манифестацијата што ја организираше Младинскиот Совет на Охрид се одвиваше на плоштадот „Свети Кимент Охридски“ каде беа изложени производи направени во креативните работилници на невладината организација. Штандовите го привлекоа вниманието на охриѓани кои покажаа голем интерес за настанот.


Покрај ова се одржа и  марш од плоштадот „Чинар“ до плоштадот „Свети Климент Охридски“, каде имаше музички хепенинг на кој настапија повеќе охридски бендови. Европската кампања за различност и човекови права е подржана од Агенцијата за млади и спорт.


Младите од Охрид во заштита на човековите права

Ohridnews