Тројца млади виолинисти од ОМУ „ Методи Патче“ минатата недела беа дел од меѓународниот оркестар „ 100 млади“ во Милано, градот домаќин на оркестарот по повод Експо 2015. Охридските виолинисти во црквата Санта Кроче настапија како единствени учесници од Македонија.

Оркестарот на 100 млади е формиран од 100 млади музичари на возраст меѓу 13 и 21 години, кои доаѓаат од Италија, Словенија, Србија, Македонија и Чешка.Чест да настапат на сцената во Милано имаа  виолинистите  Даниел Мојсоски, Александар Грунчески и Бајрам Рамаданоски. Младите музичари претходно имаа настап и на концертите во Белград, Нови Сад, Блед, Љубљана.

Како најмлад солист со оркестарот настапи Даниел Мојсоски –виолина  од Охрид, а познатиот кларинетист Милан Реицха настапи како солист на Прашката филхармонија.

Целта на проектот е да ги обедини  младите студенти на музика за различна возраст, јазик, традиција и нивото на подготовка во  единствен оркестар, чија главна цел е да се промовира знаење и размена помеѓу различните култури преку универзалниот јазик на музиката, отсекогаш била една од основните вредности на човековото постоење.

Следен музички камп ќе биде од 23-30.08.2015 год. во Милано, а во 2016 год. Охрид ќе биде домаќин на музичкиот камп и „ оркестарот 100 млади“.

OhridNews