Со освоени 21 трофеј, 18 златни медали и 9 сребрени медали, младите охридски генијалци кои ја посетуваат програмата Бреинобреин се вратија од третиот Државен натпревар во Скопје. И покрај силната конкуренција секое од 48- те млади охриѓани освои награда во категоријата во која се натпреваруваше.
– Се натпреваруваа во конкуренција од 540 ученици од Бреинобреин центрите низ Македонија. Меѓу нашите учесници немаше дете кое не освои награда соодветна во својата категорија. Во првиот дел кој беше задолжителен се натпреваруваа во три минути кога требаше да решат што повеќе примери соогласно категоријата, а во вториот дел настапивме со 15 минутна програма каде нашите деца покажаа вештини и способности во демопрезентации каде истовремено изведуваа активности- преведуваа на англиски јазик, пееја, играа и истовремено пресметуваа две, три, четири суми истовремено, вели Валентина Кузманоска, тренер во охридскиот центар Бреинобреин.
Од општинскиот Црвен крст каде веќе деветта година по ред функционира Бреинобреин центарот велат дека се особено горди на постигнатите резултати.
– Презадовлни сме, овој тим на инструктори, теренери и овие млади генијалци од Охрид, Струга и Ресен успешно го претставија нашиот центар и освоија голем број награди со што нашиот центар се вброи меѓу најдобрите, изјави претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.
Од центарот потенцираат дека постигнатите резултати се должат на големата љубов и посветеност со која се реализира програмата.
– И овој трет натпревар помина во знакот на Охрид. Најзабележани бевме со презентациите и настапот на сите учесници.Се одржа и трет конгрес кој започна со големи пофалби за нашите учесници при што беше истакнато дека кај нашите деца и тренери има голема љубов и посветеност по што се разликуваат од останатите. Треба да се сака програмата и вложи многу љубов за да се постигнат вакви резултати, додава тренерот Царева Рувинова.
Бреинобреин е интернационална едукативна програма која ја посетуваат деца од 5-14 годишна возраст, преку која ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар во Македонија кој оваа програма ја имплементира од 2010 година, преку високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма.
– Ние како центар им нудиме на децата да правилно да ја насочат својата интелегенција и правилно понатаму да се движат во животот. Да се стекнат со одредени вештини и сопособности како што се моќ на концентрација, иновативност, брзина и точност, вели Билјана Миленковска.
Децата кои годинава го завршија последното десетто ниво од програмата, како и оние кои сега го посетуваат ова највисоко ниво на 7- ми март ќе бидат учесници на Бреинобреин фестивалот што ќе се одржи во Загреб.
OhridNews