Атлетичарите на Охрид со вкупно 73 бода се севкупни победници (во машка и во женска конкуренција) на финалниот Куп на Македонија за младинци, кој се одржа изминатиов викенд во Скопје и во Велес, во два дена. Втор е клубот 3 Ноември (65 бода), а трет Изгрев (49 бода)

Мирчески беше најуспешен во охридскиот тим победувајќи  во четири дисциплини : (110 пречки, 16,58 сек), (далечина, 6.36 м),(диск, 29,00 м) и (троск, 12,56 м). Кафтаноски победи во трката на 100 м, со време 11,28 сек. Охридската штафета победи во 4х100 м, со време 45,56 сек, како и во 4х400 м со време 3:47,26 мин.

Кај девојките Р. Арсовска победи во трката на 100 м. со пречки,со време 18,97 сек а М. Арсовска во фрлање копје,со резултат 24,16 м.

Ohridnews