Охридските матуранти завршувањето на средното образование трета година по ред ќе го прослават со голема парада на градскиот плоштад.
Тие и оваа година ќе бидат дел од големата прослава што истовремено ќе се одвива на плоштадите во седумдесетина европски градови.
Околу 250 охридски матуранти ќе го заиграат Штраусовиот валцер „Лилјакот“, и заедно со своите врсници од Европа ќе се обидат да постават нов Гинисов рекорд.