Над 300 матуранти од трите средни училишта од Охрид беа вклучени во големата парада што во петок точно на пладне се одржа на главниот плоштад. Истовремено на звуците на Штраус  танцуваа над 30.000 средношколци од 34 европски градови што треба да биде нов Гиниосов рекорд.

„Одбележувањето на матурата на ваков начин претставува почеток на една нова традиција која треба да не доближи до европоските цивилизациски вредности,“ вели советникот за образование во локалната самоуправа Митре Велјаноски.


Матурантите од Охрид интензивно се подготвуваа за несекојдневниот подвиг под водство на кореографот Никола Петкуќески. Иако одржавме 6 од 20 предвидени проби, матурантите одиграа одлично и достоинствено го репрезентираа Охрид во Европа. Во подготовката на парадата учествуваа и професори по физичко образование од средните училишта.

Податоците за бројот на учессниците во охридската парада е испратен до организаторите на европската парада, кои соопштија дека е соборен Гинисовиот рекорд.

 Г. Момироски