Околу 400 матуранти од четирите  охридски средни училишта во Охрид, денес, точно на пладне, на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“го одиграа познатиот штраусов танц Квадрил. Традиционално, охридските матуранти, подготвени и водени од професорката Соња Думбалова Делоска, истовремено танцуваа со матурантите од уште шеесетина градови на Централна и Југоисточна Европа.

Фото: Анамарија Момироска

Присутните беа поздравени од страна на претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, која на матурантите им посака успешно остварување на зацртаните цели.

Во овој момент земете го компасот и мапата на животот во свои раце.  Уверена  сум дека сега сте потполно свесни колку е важно образованието. Нелсон Мандела рекол „Образованието е најмоќно оружје кое можете да го употребите за да го менувате светот“.  Колку досегашното знаење допринело во вашето „навооружување“ ќе покаже времето кое е пред вас. Сигурна сум дека денес се обраќам на успешни млади луѓе кои ќе ги освојуваат сите сфери на животот и науката.  Основачот на дигиталната доба Стив Џобс кажал, „Твоето време е ограничено, немој да го трошиш на нечиј живот. Немој да допуштиш да живееш како што другите мислат. Немој да дозволиш туѓите  мислења да ти го уништат твојот внатрешен глас. И најважно имај храброст да го пратиш своето срце и интуиција. Тиеодамна одредиле што навистина сакаш да бидеш во животот.“ Драги матуранти, најдобар начин да ја предвидиш својата иднина е да ја изградиш онаква каква што ја посакуваш, им порача Ангелоска на матурантите.

Матурската парада почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид. Оваа година покрај Македонија во проектот ќе учествуваат матуранти од 60 градови на Југоисточна Европа.

Фото галерија:

OhridNews