Четврта година по ред охридските матуранти ќе бидат дел од масовната прослава што паралелно ќе се одвива во седумдесетина градови во Европа.

Повеќе од 250 ученици од завршните класови на ОСУ „Свети Климент Охридски“ ги привршуваат подготовките за изведба на Штраусовиот валцер „Летот на лилјакот“ на градскиот плоштад.

Танцот на матурантите кој ќе го “диригира“ словенечкото радио „Вал 202“ ќе почне на 21 мај точно на пладне.

OhridNews