Во изминатите 4 години за време на прослава на матуските вечери во Охрид се случилe само два инциденти кои официјално ги регистрирале службите на СВР Охрид. Минатата година пред матурска прослава дошло до физичка пресметка во еден кафе бар во која имало и тешко повредени. Овој случај бил целосно расветлен од полицијата. Во 2005 година била регистрирана една сообраќајна незгода во која учествувале матуранти. Тие минале неповредени, а причина за незгодата не било конзумирање алкохол или непочитување на сообраќајните правила, туку лошите услови на патот, информираат од СВР Охрид.

Охридската полиција денеска изврши презентација на мерките кои ги презема одделението на превенција со цел безбедно одвивање на матурските прослави. За таа цел неодамна беше спроведен проектот „Среќни и безбедни матурски вечери“ во кој беа вклучени околу 700 матуранти и полуматуранти. Исто така беше организирана и тркалезна маса на која учество зедоа претставници на совети на родители,  хотелиери, агенции за обезбедување, инспекции…Тие упатија апел до учениците и родителите да се придржуваат до законските правила и прописи и достоинствено да ги прослават матурите.

Ohridnews