Матурската парада која по трет пат ќе се одржи во Охрид на 15-ти мај на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, се движи кон поставување на Гинисов рекорд по бројот на учесниците.

Во однос на минатите години, претстојната матурска парада има рекорден број на пријавени учесници, но организаторот Радио-Словенија, ќе излезе со официјален податок по завршувањето на валцерот на матурантите на плоштадите ширум Европа.


Охридските матуранти ќе танцуваат за Гинис

Според организаторот, во петок, валцерот на Штраус,  точно на пладне, на градските плоштади ќе го играат матуранти од рекордни 70 европски градови.

Матурантите од градовите во кои општините ја организираат оваа манифестација  ќе го играат валцерот истовремено и со иста кореографија на музика на Штраус која преку сателит ќе ја емитува Радио-Словенија.

Ohridnews