Учениците од завршните години во средните училишта во Охрид утре ќе им се придружат на своите врсници на генералниот штрајк што ќе се одржи во Скопје. Тие не се согласуваат со одлуката на Министерството за образование според која треба да полагаат матура по завршувањето на средното образование.

Средношколците од завршните години бараат да не полагаат матура затоа што според нив немаат доволно време да се подготват за истата, и бидејќи кога се запишувале никој не им кажал дека ќе полагаат завршен испит.

Министерството за образование соопшти дека нема да ја промени својата одлука и дека полагањето државна матура стартува од оваа учебна година.

Г.М.