Педесеттина маратонци од „Охрид ТрчаТ“ ќе бидат дел од Белградскиот маратон на иницијатива на почесниот конзул на Република Србија во Охрид Михајло Филев. Со ова на културно и спортско ниво ќе се сплотат нашите два блиски народи и двете држави, што ќе придонесе за уште една посилна и подобра кохезија на сите спортски манифестации и на сите полиња, вели Филев.
Овие работи се една најбитна врска меѓу народите за заедничко дружење, а тоа ќе роди и еден посебен плод на сите полиња, како и економијата, а секако на иницијатива на општините Охрид и градот Белград ќе се случи и едно поблиско поврзување со тоа што ќе работиме на побратимување и да станеме стратешки партнери во сверата на туризмот, економијата и секако нашите традиционални идеални односи кои се создаваа низ вековите, а во иднина ќе бидат уште поцврсти преку овие позврзувања. Почесниот конзулат на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид по овој повод обезбеди 50 ноќевања кои ќе бидат резлизирани викендов за 50 наши маратонци од Охрид кои ќе присуствуваат и учествуваат на маратонот. Превозот е исто така обезбеден во заемна соработка со АД Галеб, вели Филев.
Директорот на „Охрид ТрчаТ“, Иван Цветкоски изрази благодарност за иницијативата да бидат дел од маратонот на кој вели ќе учествуваат повеќе од 10 илјади тркачи.
Задоволство и чест ни е што уште еднаш покажуваме дека преку спортот се рушат границите. Верувам дека ова ќе е почеток на долгорочна соработка и со тек на време да изградиме едно пријателство на бенефит за двете држави. На Белградскиот саем ќе продефилираат околу 20 илјади посетители, а преку Конзулот обезбедивме да имаме и брендиран штанд со симболите на Охрид и „Охрид Трчат“ за време на експо настанот каде се промовираат трките и компаниите во спортскиот бизнис. Се подготвуваме доста и верувам дека се ова ќе вроди со плод годините кои претстојат да имаме многу учесници и ние од Белград и Србија, вели Цветкоски.
Јоне Станкоски од „Охрид ТрчаТ“ потенцираше дека охридски учесниците ќе бидат дел од трките на 10 и 21 километар, како и на рекреативната трката од 2,7 километри.
Претстојниот викенд од 20-23 април охриѓани ќе се дел од Белградскиот маратон каде ќе има рекорден број на учесници и чест ни е да го промовираме не само „Охрид ТрчаТ“, туку и Охрид и Македонија. Оваа соработка ќе продолжи и во иднина со цел српските тркачи да бидат дел и од „Охрид Трчат“ и од сите спортски манифестации кои се одржуваат во Охрид, додава Станкоски.
Н.С.Ј.