Веќе седум дена публиката во Охрид имаше можност да ужива и добро да се насмее на седум различни шоуа. „Summer Comedy Maraton“ продолжува веќе втора недела. Маратонците го трчаат вториот круг! –  велат организаторите на настанот што се одржува во познатиот охридски клуб „Џез инн“.

Направени 7 различни шоуа кои ги видоа околу 500 души. Секое шоу во просек траеше колу 75 мин. (некои и повеќе ама да не ја тупиме) И ако во просек публиката се смееше околу 5 пати во минута. Значи 500 (луѓе) х 7 (шоуа) х 75 мин. х 5 (насмевки во мин. ) = 1 312 500 насмевки, вели актерот и стендап комичар Никола Тодороски.

  • Длабок поклон за сите кои учествуваа, артисти и публика. Рекордите се веќе постигнати а маратонот продолжува.Една недела секој ден комеди шоу во Охрид е нешто што до сега во целата држава не е направено. Јас како иницијатор и еден од многуте учесници се чувствувам среќен. Ова лето даваме се од себе да ја збогатиме културната понуда во Охрид. Ова е град на култура и уметност и квалитетните културни настани мора да се многу подоминантни од шундот. Мило ми е што „SUMMER COMEDY MARATHON“ е еден од главните културни настани ова лето. – изјави Тодороски.

Билети за вториот круг од комеди маратонот можат да се резервираат на 070 916 961 или во музичката продавница „ЗЗ ТОП“ по цена од 200 ден. Со секој купен билет посетителите добиваат уште едно шоу  гратис по нивни избор.

OhridNews