Охридските либерали нема да ја поддржат одлуката на лидерот на партијата, Стојан Андов и нема да ги поддржат кандидатските листи на коалицијата „Сонце“. Тие ќе застанат зад кандидатските листи на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и ќе продолжат со како што велат успешната соработка со оваа паритја на локално ниво која трае три и пол години.

 – Јас со лидерот Андов имав разговори непосредно до истекот на рокот  за пријавување на кандидатските листи. Тие разговори беа во насока ЛП да оди сама на избори. За време на првомајските празници заедно со координаторот на паритјата за петтата изборна единица направивме листа и одеднаш преку медиумите дознавме дека Стојан Андов одлучил да оди во коалиција со СДСМ. Јас од како е формирана партијата стојам на цврстиот став да се оди самостојно на избори бидејќи само така една партија може да добие легитимитет, а не како што прави ЛП послединте 16 години. Како некоја лепенка ЛП постојано пред избори е во коалиција, а големите партии го испумпаа членството од кај нас кај нив и така од партија со 27 пратеници во првиот состав, сега сме партија со 1 пратеник, а како што се движат работите не ќе имаме ни еден и постои реална опаснсот Либералната партија да згасне – изјави Љупчо Нечкоски, претседател на ЛП во Охрид емисиајата „Соочување“ со Љупчо Таневски на Радио Охрид.

Нечкоски на прашањето што по изборите и дали ЛП ќе се соочи со внатрепартиска криза одговри дека тоа сега никој не може да го предвиди, но јасно е, рече тој,  дека партијата ќе мора да се реформира и на површина да излезат малди кадри кои ќе внесат нов дух и енергија во неа.

 – Лидерот Андов мора да ги добие сите заслуги, како еден доајените на политиката во Македонија. Неговата работа е неизбришлива, во клучните моменти тој придонесе многу за Македонија, но, сепак е време нови сили со нова енергија и филозофија да дојдат на сцена, а Стојан Андов да оди во заслужена политичка пензија – рече Нечкоски.
 
Тој во емисијата ја искритикува и работата на поедини советници кои како што рече, не покажале ниво и никогаш не излегле на говорница, а работата на Советот ја оццени како зависна од политички и бизнис влијаниа и притисоци.

ohridnews