Општинската организација на Либералната парија од Охрид и Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска потпишаа договор за соработка и покрај тоа што централното раководство на партијата донесе одлука на претстојните избори да влезе во коалицијата „Сонце“ предводена од СДСМ.


Охридските либерали заминаа со ВМРО ДПМНЕ

По сериозна и опсежна анализа општинската организација на Либералната партија одлучи да ја продолжи добрата соработка со ВМРО ДПМНЕ воспоставена  на локалните избори и пооддршката на овие избори да ја даде на коалицијата „За подобра Макдонија“, рече на потпишувањето, претседателот на ОО ЛП, Љупчо Нечкоски. Со големо задоволство ја прифаќаме одлуката на општинската организација на Либералната партија да ја продолжи соработката со ВМРО ДПМНЕ која е искрена и принципиелна, истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Владо Стефаноски.

Не се работи за лична одлука туку за став кој едногласно беше усвоен на последната седница на Извршниот одбор на партијата во Охрид рече Нечкоски. Тој рече дека и поголемиот дел од членството на општинската организација ја подржува одлуката, која според него е принципелна и достоинствена. Нема тука никакви уцени или посебни барања, освен тоа што веќе го имавме договорено пред две години за време на локалните избори, рече Нечкоски.

Охридскиот огранок на Либералната е 21-виот кој и откажа послушност на централата по одлуката на лидерот Стојан Андов партијата на предвремените избори да оди во коалиција со СДСМ, рече Нечкоски. Во партијата се случуваат работи кои не се добри, но тие ќе ги расчистиме на демократски начин по изборите и тогаш ќе се види кој бил во право а кој згрешил, рече Нечкоски, додавајќи дека некој ќе треба да ја преземе одговорноста за тоа.

ohridnews

повеќе за изборните активности во Охрид:
„Избори 2008“