Како што веќе објави Ohridnews, охридските либерали спротивно на одлуката на претседателот и раковоството на Либералната партија за приклучување кон коалицијата „Сонце“, на претстојните парламентарни избори ќе ја подржат коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

– Јас со лидерот Андов имав разговори непосредно до истекот на рокот  за пријавување на кандидатските листи. Тие разговори беа во насока ЛП да оди сама на избори. За време на првомајските празници заедно со координаторот на паритјата за петтата изборна единица направивме листа и одеднаш преку медиумите дознавме дека Стојан Андов одлучил да оди во коалиција со СДСМ. Јас откако е формирана партијата стојам на цврстиот став да се оди самостојно на избори бидејќи само така една партија може да добие легитимитет, а не како што прави ЛП последните 16 години. Како некоја лепенка ЛП постојано пред избори е во коалиција, а големите партии го испумпаа членството од кај нас кај нив и така од партија со 27 пратеници во првиот состав, сега сме партија со 1 пратеник, а како што се движат работите не ќе имаме ни еден и постои реална опасност Либералната партија да згасне. Вака пред три дена  ги објасни мотивите за непочитување на одлуката на централата, претседателот на општинската организација на ЛП во Охрид, Љупчо Нечкоски.

Соработката помеѓу ЛП и ВМРО ДПМНЕ на локално ниво, денеска ќе биде официјализирана со потпишување договор.

ohridnews