Вистинска реткост е охридските лебеди да се видат на суво. Оваа несекојдневна глетка ја уловивме во попладневните часови вчера додека Охридското Езеро беше разбранувано. Невообичаената глетка ја разбуди љубопитноста кај голем број граѓани. Минувачите кои ги затекнавме во близина ни рекоа дека не паметат кога последен пат лебедите да ги виделе на суво. Истото ни го рекоа и неколкумина постари охриѓани кои со чудење ја набљудуваа оваа појава. Објаснување побаравме од експертите во хидробиолошкиот институт. И тие беа изненадени, но не можеа да ни кажат нешто повеќе за однесувањето на лебедите зошто институцијата не располага со експерти за птици.
прошетката на суво на лебедите ги изненади охриѓани
Ohridnews