Охридскиот кошаркарски клуб „Старс“, Црн Дрим заедно со женскиот клуб „Струга 2009“ четврта година по ред организираат кошаркарски камп.

Оваа година 100 деца од 7 до 17 години ќе „кампуваат“ и ќе ја проучуваат кошарката во Прчањ (веднаш до Котор) во Црна Гора, а гости на кампот ќе има и кошаркари од други македонски градови.

Кошаркарите ќе тренираат по 2 пати на ден,поделени во групи по пол возраст и предзнаења од кошарката, под водство на 8 тренери кои ќе се обидат да ги запознаат идните кошаркари со тајните на кошаркарската игра.На кошаркарскиот камп покрај тренинзите ќе бидат организирани и натпревари во изведување слободни фрлања,тројки,спретно водење на топка,игра еден на еден, игра три на три, ол стар натпревар и турнир во кошарка каде учество ќе земат и гостински екипи во соодветните категории од Тиват, Котор и Херцег Нови. Сето ова ќе биде збогатено со секојдневно дружење,плажа и забава и екскурзија во Бока-Которски залив – рече тренерот на „ѕвездите“, Гоце Тасески.

Кошаркарската експедиција на „кампување“ тргнува в петок навечер, а ќе останат се до 29 јуни.

Мх.П.