Подготовките на охридските кошаркари за престојната сезона во Втората кошаркарска лига се во финална фаза и се надѕираат играчите кои ќе го понесат товарот за остварување на амбициите и целта пласман во Првата лига.


– Целата екипа има високи цели и напорно работиме на тренинзите да ги оствариме нашите амбиции. Имаме одличен состав кој располага со многу голем потенцијал, но останува тоа до покажиме и на теренот. – рече Марјан Младеновиќ еден од новите играчи во кубот.

Пулените на охридскиот стратег Петар Чочороски поминаа седумдневни подготовки во Црна Гора каде одиграа четири натпревари.

– Имавме фантастични подготовки во Црна Гора. Одигравме четири натпревари од кои два со екипи кои се натпреваруваат во БИБЛ лигата. Покрај играњето на натпревари таму имавме „билдање“ на тимската хемија која е многу важна за екипа која брка пласман во врвот. – истакна Младеновиќ.

Екс кошаркарот на Куманово има само пофални зборови за охридскиот клуб кој (ќе) ја врати кошаркарата во градот под Самоиловите тврдини.

– Вакви услови нема во некоја прволигашката екипа, не пак во втора. Се е на високо ниво, функционира беспрекорно и мислам дека сите сме подготвени за големи работи со клубот од Охрид. – заврши Младеновиќ.

За краток период Кошаркарската федерација на Македонија ќе изврши ждребка и ќе биде познато против кој тим Охрид ќе ја започне сезоната во Втората лига.

Мх.П.