Составот на АВ Охрид, на гостински терен против екипата на Кожув,ќе ја започне новата авантура во Првата машка кошаркарска лига во Македонија.
Средбата помеѓу засилениот охридскиот клуб и Кожув ќе биде дерби на колото на почетокот од сезоната. „Галебите“, ги засилија своите редови со нов тренер Марјан Илиевски и уште неколку квалитетни кошаркари од нашата земја и странство од кои се очекува многу во четвртата сезона помеѓу елитата.
Новата сезона треба да започне на 5 октомври.
Охридските кошаркари во претходните три сезони, еднаш беа дел од Супер лигата додека два пати разигруваа за опстанок во елитата.
Двојки 1.рунда:
Кожув – АВ Охрид
Еуроникел – Гостивар
Академија ФМП – Работнички
Вардар – Пелистер
МЗТ Скопје – Куманово
МЗТ 2 слободен
OhridNews