Одложувањето на стартот од новата сезона во Втората лига кошаркарите на Охрид го искористија за меѓусебен дуел кој не беше ништо поразличен од првенствен.


Предводникот на охриѓани Петар Чочороски и неговиот помошник Владимир Ѓоровиќ можат да бидат задоволни од формата и желбата на кошаркарите пред стартот на сезоната.


На средината од следната недела ќе биде извршена нова ждребка и ќе биде дефиниран со датум почетокот на новиот шампионат.

Ohridnews