Кошаркарите на Охрид викендов што доаѓа ќе ги започнат натпреварите во дебитанската сезона во Втората кошаркарска лига.
Прв ривал на охриѓани е тимот на Борец Баскет, а силите ќе ги одмерат во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во сабота на 17 октомври.
Охридската екипа која имаше подготовки надвор од границите на Македонија има големи и нескриени амбиции пред почетокот на сезоната.
Долгиот и квалитетен ростер ќе биде од голема помош за стратегот Петар Чочороски кој низ подготовките не го криеше задоволството од играчкиот кадар.
Мх.П.