Охридските кошаркари денеска во 15:00 часот на домашен терен го пречекуваат тимот на Тетекс. За избраниците на тренерот Весна Балазоска мечот со “штофарите“ е одлична можност да се прекине серијата од три порази во низа.



– На првите два натпревари не бев задоволна од играта, на последниот против Ангели почнавме да наликуваме екипа. На мечот со Тетекс одиме на победа и ништо не може да не спречи во тоа –
потенцираше Балазоска.

Кошаркарскиот клуб Лихнидос со пет победи во единаесет натпревари се наоѓа на петтата позиција додека тетовчани со четири победи се сместени на седмата позиција на табелата.

Мх.П.