Кошаркарите на Охрид со убедлив триумф над Шкупи 101-75 (21-22, 28-16, 34-20, 18-17) во 8-та рунда од првенството ја обезбедија есенската шампионска титула во Втората лига.
„Галебите“ до осмата победа во исто толку натпревари стигнаа на свој препознатлив начин, со агресивна одбрана и ефикасен напад.
Првата четвртина ја загубија со 22-21, а во втората и третата го покажаа вистинското лице и го решија натпреварот.
Последната четвртина беше чиста формалност во која домашните кошаркари го зачуваа водството и успеаја да постигнат 100 поени.
Во деветтата рунда од Втората лига со која ќе се заокружи есенската полусезона охриѓани гостуваат во Радовиш.
Мх.П.