Кошаркарите на Охрид без тренерот Петар Чочорски на клупата ќе го одиграат мечот против Водњански Лисици во четвртата рунда од Втората лига.
Охридскиот стратег суспендиран е еден натпревар поради инцидентот со гостинскиот тренер по завршувањето на мечот со Гостивар во третата рунда.
Домашниот стратег кој исто така е казнет со еден меч, но и 15 000 денари по мечот со Охрид за врат го фатил охридскиот тренер, а благодарание на полицијата и двете клупи не избувнало поголем инцидент.
Дисциплинците на КФМ реагираа кон домаќинот за лошата организација за и околу мечот. – Уредот за 24 секунди на левата страна гледано од записничка маса не функционира и натпреварот е одигран со еден уред во согласност на двете екипи. Десниот кош гледано од записничка маса видно понизок и обрачот не е хоризонтално поставен.Во салата имало слабо осветлување. Доста пропусти на мерачот на 24 секунди Танески М. , поради немање на можност за замена во второто полувреме мерач на 24 секунди бил делегатот. Организаторот на натпреварот КК Гостивар 2015 за идниот натпревар, безусловно да ги доведе во ред техничките уреди во салата (обрачот на кошот, да обезбеди исправни уреди за 24 секунди и да го подобри осветлувањето во салата).
Мечот охридските бели ќе го одиграат в сабота во „Билјанини Извори“ во 19 часот.
Ohridnews