Со минимален напор охридските ракометари пред своите гледачи во последниот натпревар за годинава го совладаа Текстилец (42-11) и ја забележаа шестата победа сезонава.

„Сините“ со брзи контри напади во главно преку крилните ракометари Аце Трифуноски (13 голови) и Крсте Андоновски (6 голови) уште во првите десет минути го решија мечот.


Во продолжението од натпреварот сите кои влегоа во игра успеаја да се запишат во листата на стрелци и да го столчат противникот како никој до сега во Охрид.

Фото : Емилио

Мх.П.