Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве беа ангажирани на неколку локации во Охрид и селските средини. Во рамки на активностите во урбаната средина, хортикултурно бил уреден кружниот тек помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Бистрица“ каде се засадени зимзелени грмушки и цветен расад.
Исто така екипи на ова јавно претпријатие биле вклучени и во завршните зафати зa уредувањето на пешачката патека кон Горица каде се поставуваат клупи.
Во текот на изминатава седмица биле спроведени и активности за косење и метење во селата: Лескоец, Косел и Велгошти, а наредната седмица ќе се опфатат селата Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Подмоље.
Екипите на „Јавна хигиена“ во сабота на 4-ти јули ќе спроведат акција за расчистување на комплексот Св.Наум по завршувањето на празнувањето на големиот верски празник, каде ќе бидат ангажирани 15 комунални работници.
OhridNews