-Секојденвно се работи на чистење на септичките јами во Пештани, со цел да се спречи мешањето на подземните води со фекалии. Исто така нашите екипи деновиве интезивно работат и чистење на каналите кај Студенчишкото блато, со цел да се воспостави нормален режим на протокот на водата и да се отстрани опасноста од повторно поплавување на објектите кои се сместени на тој потег од охридското крајбрежје-вели Сашо Алче, директор на ЈП Охридски Комуналец.
Тој наглсува дека секојденевно се работи и на санирање и чистење на на речните корита на сите реки од Сливното подрачје на Охридското Езеро.
За проблемите со полавите во автокампот Љубаништа тој објасни дека немаат дирекна ингеренција да превземат било каква активност, затоа што се работи за приватен имот. Но вели дека стојат на располагање доколку сопствениците на автокампот побараат помош од екипите на Јавното комунално претпријатие.