Охридските комити кои пред два дена тргнаа на марш, попладнево ќе пристигнат во Крушево каде на 2 Август ќе се приклучат на централната прослава на Илинден.

Седумнаесет момчиња од Охрид минаа  102 километри пеш преку Куратица, Брежани, Илинска Црква, Мало Илино, Железнец, Деленци, Брезово, Зачле, Дивјаци и други села и места.  Тие денеска ќе се сретнат со членовите на здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“ од Горно Лисиче со кои заедно ќе влезат во Крушево.

Годинава по шести пат членови на здружението на граѓани „Христо Узунов“ од Охрид тргнуваат на Илинденски марш. Традицијата беше востановена во 2003 година по повод 100-годишнината од Илинденското востание.

Ohridnews