По изминати 102 километри пеш, охридските „комити“ пристигнаа во  Крушево каде денеска ќе земат учество во одбележувањето на 104-годишнината од Илинденското востание.


охридските „комити„ пристигнаа во Крушево

Дваесетина охриѓани на 29 јули  пеш преку Куратица, Брежани, Илинска Црква, Мало Илино, Железнец, Деленци, Брезово, Зачле, Дивјаци и други села и места, тргнаа за Крушево каде пристигнаа на 31 јули.


охриѓани пеш минаа 102 километри

Тие денеска ќе се  приклучат во одбележувањето на големиот национален празник и ќе бидат  предводница на коњаницата на свеченото дефиле.

Годинава здружението на граѓани „Христо Узунов“  по јубилеен пети пат го организираат Илинденскиот марш. Традицијата започна во 2003 година на одбележувањето на 100 годишнината од Илинденското востание.

OHRIDNEWS