Охридските комити ќе маршираат 102 километри до Крушево
29.07.09 00:02
Со божји благослов и молитва во црквата Св. Тојца во населбата Радојца Ночиќ, дваесет и пет млади синоќа беа испратени на традиционалниот Илинденски марш по повод одбележувањето на 106-годишнината од Илинденското востание.
Учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески кој е покровител на маршот, што 7 година по ред го организира здружението на граѓани „Христо Узунов“.
Годинава на охриѓани им се придружија и четворица членови на македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Учесниците во маршот на патот до Крушево долг 102 километри, ќе минат преку илинденските села Куратица, Брежани, Илинска Црква, Мало Илино, Железнец, Доленци, Брезово, Зашле, Долно Дивјаци и други.
Охридските комити во Крушево ќе им се придружат на другите учесници во традиционалната манифестација 10 дена Крушевска република.
Голем шумски пожар избувна попладнево помеѓу селата Оздолени и Сошани во Општина Дебрца Гори шума на непристапен терен, информираат од ТППЕ Охрид На терен се екипи на професионалната противпожарна ...
Реконструкцијата на патниот правец Р1301 од Охрид до Свети Наум, што започна во октомври минатата година, продолжува со несмален интензитет Од Пештани до Св Наум извршено е расчистување на густата ...
Ноќеска во 0145 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е 28-годишен охриѓанец При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.