Охридскиот кошаркарски клуб Колибри беше дел од успешниот камп на МЗТ Скопје, кој се одвиваше две седмици во Охрид. На тренинг кампот продефилираа 250 дечиња од 7 до 17 години.


– Главна цел за мене преставуваше да ги спојам сите мали деца на кои кошарката им е прв избор. Ваквите кампови во летните периоди се неизбежни каде можеме да ги надохнадиме сите недостатоци во тренингот. Кампот на МЗТ Скопје во Охрид е традиционален, а во иднина ќе се потрудиме да се зголеми бројот на учесниците – истакна организираторот на летниот камп, Филип Ѓоревски.


Кошаркарскиот клуб Колибри и МЗТ Скопје најавија долгогодишна соработка откако охриѓани се покажаа како добри домаќини.

– Чест и задоволство за мене беше да ги собериме сите тие дечиња на едно место и да работиме на нивниот развој. Изненаден сум позитивно од охридскиот клуб од нивниот одност кон кошарката со нивната визија и се што му пренесуваат на нивните членови – потенцираше Горан Крстевски.


Одличното претставување на охридските колибри им овозможи меѓународен турнир од 26-28 август, кој ќе го организираат токму во соработка со МЗТ Скопје и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.

– Ќе направиме се на турнирот во Охрид да дојдат квалитетни и реномирани екипи од Македонија и Балканот. Со тој турнир ќе го најавиме почетокот на новата сезона во кошарката – рече спортскиот менаџер во Ј.П. „Билајнини Извори“, Весна Балазоска.

Мх.П.