Кардиолошкиот завод од Охрид продолжува со активностите на полето на размена на знаења и искуства на меѓународен план преку посета на едукативни семинари, но и преку пренесување на искуствата и истражувањата реализирани во оваа болница, информираат од здравствената установа.

Интервентниот кардиолог д-р Никола Бакрачески ќе  презентира два научни труда на 12-от Конгрес на хрватскито здружение на кардиолози со меѓународно учество, што се одржува под покровителство на Европското здружение за кардиологија. На овој настан ќе учествуваат и познатите охридски кардиолози д-р Марија Зимбова и д-р Слаѓана Тупаре од Заводот за кардиоваскуларни заболувања Охрид, д-р Виктор Топаловски од ПЗУ Медикор и д-р Ѓоко Константиноски од Општата болница – Охрид. Оваа година конгресот се одржува од 29 ноември до 2 декември во Загреб.

Од 2-4 декември во Тел Авив, Израел, ќе се одржи реномираниот симпозиум од областа на интервентната кардиологија “Inivation in Cardiovascular Intervention – 2018”, со учество на  светски познати имиња од областа на интервентната кардиологија, на кој д-р Бакрачески ќе го презентира својот труд “Bilateral radial approach for CTO recanalisation”.

OhridNews