Карате федерацијата на Македонија на гала свеченост ги избра најдобрите за 2024 година. Најдобриот македонски каратист, Петар Заборски избран за најдобар каратист на Македонија во борби, додека Михаела Мишовска го доби признанието кај дамите.

Охридските каратисти Дамјан Митревски од карате клуб “Кун-су-то” и Мартина Петреска од карате клуб “Чоле” Охрид се избрани како дел од најдобрите каратисти во своите категории.

Најдобар во конкуренција на кати кај сениорите е Кристијан Бајовски додека кај дамите Владанка Аврамова.

За најдобар сениорски тренер беше избран Александар Кузмановски, а за најдобар сениорски клуб КК Олимпик од Скопје.

За најдобар тренер во младинска конкуренција беше прогласен тренерот Петар Заборски, а за најдобар младински клуб беше избран КК Макпетрол од Скопје.

OhridNews