Добрата форма од турнирите во нашата земја, каратистите од клубот „Кун-су-то“ ја преточија на Меѓународниот турнир во Ниш, соседна Србија. Охридските каратисти освоија 11 одличја во различни конкуренции и дисциплини на турнирот на кој продефелираа околу 300 учесници од Србија, Македонија и Бугарија.
Анастасија Смилевска се закити со две златни одличја. Смилевска триумфираше во ката и борби. Тамара Ѓурчиноска злато освои во ката а сребро во борби. Козма Митревски обезбеди златен медал во ката и сребро во категоријата борби. Дамјан Митревски сребро во ката и бронза во борби. Ема Јованоска сребро во категорија ката, Мила Анѓелоска бронза во категорија ката и Матеа Грозданоска сребро во ката.
Со освоените 11 одличја, охридскиот клуб беше еден од најдобрите на турнирот во Ниш и уште една потврда за доброто работење под палка на Игор Смилевски.
OhridNews