Во заштитата на Охридското Езеро од рибокрадци во иднина се планира да бидат вклучени и современи средства за следење на пловните објекти.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство сериозно размислува на сите пловни објекти на Охридското Езеро да биде вграден GPS системот за глобална навигација. Со тоа ќе се олесни следењето на сите пловни објекти кои со помош на сателит прецизно ќе бидат лоцирани во секој момент.

На овој начин надлежните сметаат дека во голема мерка ќе се подобри заштитата на Охридското Езеро, пред се на рибниот фонд.

ohridnews