На охридските кајчиња одамна го нема натписот „taxi“. Кајчарите не смеат да ја постават оваа ознака затоа што така им кажале од Капетанијата. Можат да пловат само рекреативно.

И покрај законската пречка да бидат таксисти, кајчарите кои егзистираат од оваа дејност со години и натаму вршат превоз на патници од што остваруваат приход. Државата иако не ги регистрира како такси чамци, ги сака нивните пари. Кајчарите неодамна добиле известување од Управата за јавни приходи да се јават во оваа установа заради регулирање на даночните обврски. Охридските кајчари велат дека не бегаат од своите обврски, но прашуваат по кој основ државата ќе им наплаќа данок, доколку тие можат да пловат само рекреативно, односно не можат да обавуваат економска дејност.


OhridNews