Во организација на кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид се одржа второто коло од Куп лигата на Македонија во кајак на мирни води. Охридските кајакари после двете кола се во благо водство пред другите кајакарски клубови.
Второто коло се одржа на патеката од старото пристаниште пред хотел Палас до трските пред хотел Милениум.
На натпреварот кој се одржа во сите категории зедоa учество сите кајакарски клубови од Македонија.
Третото последно коло ќе се одржи за две недели на Прилепско езеро. Овој прекрасен спортски настан го проследија голем број на домашни и странски гости.
Ohrid News
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com