На иницијатива на Раде  Поповски, тренерот на охридскиот Кајак-Клуб „Стрмец “ од Охрид, утре ќе се формира нов Кајак—Клуб во Македонски Брод (на Езерото „Козјак“) и ќе биде возобновен Кајак –Клубот во Прилеп (на вештачкото Езеро во близина на Прилеп). Кајак – Клубовите чиј почеток на  активноста ќе се означи утре, за почеток ќе добијат на подарок по два кајаци од веќе формираните и активни Кајак- Клубови во Македонија.


Според зборовите на Поповски, наскоро, со поддршка на познатиот спортист и спортски деец, Благој Истатов, ќе се обнови работата и на Кајак-Клубот во Дојран што ќе значи нов импулс за кајакарскиот спорт на мирни води во Македонија.
 
По добивањето  на регистрациите за сите Клубови од страна на Агенцијата за спорт на Р. Македонија, ќе биде свикано и Годишното Собрание на кајакарската Федерација на Македоиија.