По повод смртта на градоначалникот  Јован Стојаноски, охридските кафетерии и ресторани викендов ги откажуваат најавените забави.

Во знак на почит и сочувство решивме да ги одложиме свирките и забавите во наредните неколку дена. – изјавија за OhridNews дел од охридските угостители.

За утре (недела) закажана е вонредна седница на градскиот совет, на која се очекува да биде донесена одлука за прогласување Ден на жалост во Општина Охрид по повод смртта на градоначалникот Јован Стојаноски. Тој ќе биде погребан во понеделник.

OhridNews