Охридските јавни претпријатија добија повеќенаменско возило
Возилото има повеќе намени во чистењето на улиците, канализационите системи или поплавени површини. Располага со резервоар од шест илјади литри вода, лесно се опслужува и брзо само за пет минути, може целосно да се наполни со нова количина вода.
Донацијата се реализира во соработка со фирмата РАВИНГ ШПЕД од Сен Гален, а возилото по потреба ќе го користат ЈП Комуналец и МЈП Проаква. Промоцијата ја засени протоколот кој на настанот “заборави“ да ги покани (извести) сите медиуми.