Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид го освои третото место на натпреварот во рамки на традиционалните Извиднички средби кои се одржаа во Кичево од 11-ти до13-ти септември во организација на кичевскиот Извиднички одред „Мирко Милески”.
На натпреварот зедоа учество повеќе од 80 учесници натпреварувајќи се во две категории помлади извидници и извидници.
-Нашиот одред зеде учество со по една екипа од двете категории и помладите го освоија 5-то место, а додека повозрасните го освоија 3-то место и пригоден пехар. Ова е уште еден голем успех за нашите млади извидници коишто во текот на овој месец по втор пат освојуваат пехар, покрај оние два освоени во Струга за првите две места на Републичките натревари, велат од Извидничкиот одред „Пионер“.
Инаку извидничките средби во Кичево се организираат традиционално секоја година по повод ослободувањето на градот.
OhridNews