Извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид го освои првото и петтото место во категоријата на помлади извидници и првото место во категорија извидници на Републичките игри што во организација на извидничкиот одред „Крсте Јон“ од 28-30 август се одржаа во Струга. Воедно охридските извидници го добија преодниот пехар за покажаните најдобри резултати со кои го освоија победничкиот трон на натпреварот.
Охридскиот извиднички одред на натпреварот учествуваше со две екипи на помлади извидници и една екипа од извидници кои имаа можност да ги покажат своите стекнати и научени животни вештини, комуникација преку семафорска сигнализација и морзеова азбука, урбана ориентација, полигони на вештина, тестови по општа култура и познавање на својата Татковина,културно забавни натпревари и незаборавно дружење покрај логорскиот оган.
-Со постигнатиот успех уште еднаш нашиот одред го потврди вложениот труд во воспитување и едукација на деца и младинци коишто сакаат да потрошат дел од своето слободно време во активности корисни за нивниот психофизички и општествен развој градејќи трајни пријателства и другарства. – велат од И.О. „Пионер“.
OhridNews