Осум вредни македонски икони од Галеријата во Охрид, се изложени на големата светска изложба „1100 години Византија“, што синоќа свечено беше отворена во Кралската академија на уметностите во Лондон.


На изложбата се поместени околу 350 најразлични експонати од византиско време. Заедно со нив се и највредните икони во нашата земја: Христос и Богородица, потоа Св. Архангел Гаврил и Св. Богородица-Благовешетение, трите малечки празнични икони, крштевање Христово, слегување во пеколот и Неверството Томино, како и една од најубавите икони воопшто насликана во византиското време, литиската икона, Богородица Психосострија и Благовешетението, сите  од Галеријата на икони во Охрид. На изложбата се изложени и други вредни дела од византиско време од Македонија кои биле сега се наоѓаат во депоата на повеќе странски музеи.


Изложбата „1100 години Византија“ за посетителите ќе биде отворена од сабота, а ќе трае до 22 март 2009 година.

Ohridnews